close

  • Faithful to my Homeland, the Republic of Poland

     

  • ВЕСТИ

  • 28 јануари 2019

    Полско-македонската младинска размена

    Во рамки на размената на ученици по покана на Гимназијата Јосипа Броз Тито во Скопје пристигнаа  учениците од Трета општa гимназија Адам Мицкијевич во Катовице.

    Посетата на полските ученици претходеше на посетата на македонските ученици кои за време на престојот во Полска, имаа можност да ја запознаат културата и историјата на нашата земја. Полските ученици ја посетија Попова Шапка и Охрид.

    Научниот дел од програмата на посетата претставуваше заедничко теренско истражување за квалитетот на животот на жителите во Скопје.

    Полските ученици го завршија престојот во Македонија со заедничка свечена вечера, организирана од нивните македонски колеги, на која присуствуваше конзулот Катажина Пташињска од Амбасадата на РП во Скопје. Размената на ученици претставува одлична платформа за размена на знаења и искуства на млади луѓе од Полска и од Македонија.

     

     

    wymiana studencka
    wymiana studencka1
    wymiana studencka3
    wymiana studencka4

    Print Print Share: