close

  • Faithful to my Homeland, the Republic of Poland

     

  • ВЕСТИ

  • 11 ноември 2018

    Свеченост по повод стогодишнината од повторното стекнување независност на Полска

    На 11 ноември 2018 година, на стогодишнината од повторното стекнување независност на Полска, во „Македонската филхармонија“ во Скопје се одржа свечен концерт организиран од страна на Амбасадата на Република Полска во Скопје, Фондацијата „Томислав Зографски“ и „Дирекцијата за култура и уметност на Скопје“. Свеченоста ја отвори амбасадорот на Република Полска во Скопје, Војќех Тиќињски, којшто потсети на околностите, во кои во 1918 година Полска повторно добила место на картата на Европа и светот, и им се заблагодари на сите гости за масовното присуство и за сите честитки за просперитет на Република Полска.

     

    На концертот присуствуваа претставници на Владата на Република Македонија – министерот за финансии Драган Тевдовски и заменик-министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули, градоначалникот на Град Скопје - Петре Шилегов, почесниот конзул на Република Полска во Охрид - Коста Костовски, амбасадори на други држави акредитирани во Република Македонија и претставници на дипломатскиот кор, претставници на полската дијаспора, пријатели на нашата Амбасада, како и гости на Фондацијата „Томислав Зографски“ и Градот Скопје.

     

    Во уметничкиот дел настапија Агата Кмак (виолина), Марцин Гужик (пијано) и Ристо Ѓоревски (кларинет) со дела на Јоханес Брамс, Томислав Зографски, Роберт Мучински и Хенрик Вјењавски. Публиката ги награди уметниците со топол аплауз, а од организаторите на концертот добија цвеќе.

    100lecieniepodleglosciSKOPJE
    100lecieniepodleglosciSKOPJE1
    100lecieniepodleglosciSKOPJE2
    100lecieniepodleglosciSKOPJE3
    100lecieniepodleglosciSKOPJE4
    100lecieniepodleglosciSKOPJE5

    Print Print Share: