close

  • Faithful to my Homeland, the Republic of Poland

     

  • ВЕСТИ

  • 1 август 2018

    На 1 август 2018 година се одбележува 74-годишнина од избувнувањето на Варшавското востание. Секоја година на тој ден, во 17:00 часот, на улиците на Варшава се слушаат сирени за тревога. Градот запира. Со минута молк граѓаните на Варшава им оддаваат почит на загинатите и преживеаните востаници.

    Секоја година, на различни места во Полска се организираат настани за одбележување на Востанието, меѓутоа во Варшава избувнувањето на Востанието се одбележува на посебен начин. На 1 август, во 17:00 часот, во Варшава се активираат алармни сирени и се емитува едноминутен континуиран сигнал. Градскиот транспорт, автомобилите и граѓаните на Варшава запираат за да им оддадат почит на востаниците и убиените граѓани на градот.

    Варшавското востание започнало на 1 август 1944 година и траело 63 дена, до 3 октомври 1944 година. Востанието било најголем народноослободителен порив во историјата на Втората светска војна. Речиси 50 илјади востаници на Татковинската армија започнале борба против Германците, коишто од 1939 година го окупирале главниот град на Полска. Вооружените борби ги зафатиле сите населби на Варшава.

    При фактичка пасивност на единиците на советската Црвена армија, коишто биле стационирани на другиот брег на Висла, неизедначената борба на востаничките сили со нацистите резултирале со смрт на околу 16 илјади востаници и 150 илјади цивили. Исто така, како последица на борбите биле уништени околу 25 проценти од градбите во левиот дел од Варшава, заедно со рушењето спроведено од Германците после Востанието, до 16 јануари 1945 година нацистите уништиле над 70 проценти од станбените објекти и 90 проценти од историските градби.

     

    19519058953_42690426d9_z
    19951872888_ab0b12aa51_z
    19951997130_98461b4af0_z
    20113765906_2d8facf6c1_z
    20132032432_68f934d915_z
    19951994608_1b668240e9_z

    Print Print Share: