close

  • Faithful to my Homeland, the Republic of Poland

     

  • ВЕСТИ

  • 11 септември 2018

    Прием на апликации до владината Фондација „Помош за Полјаците на Истокот“, којашто е под надзор на Министерството за надворешни работи на Република Полска.

    Од 31 август 2018 година може да доставуваат апликации до Фондацијата „Помош за Полјаците на Истокот“ за кофинансирање на активностите планирани за 2019 година во следните области: образование; култура и национално наследство; активизација на заедниците, добротворна и социјална помош; како и медиуми. Особено се поттикнува поднесување апликации поврзани со 100-годишнината од повторното стекнување на независноста на Полска, како и со промоција на полската култура и историја по тој повод.

    За интервентни апликации, Ве молиме испратете порака на: m.rybarczyk@pol.org.pl

     

    Крајниот рок за доставување на апликациите за 2019 година е 30 септември 2018 година.

     

    Пополнета апликација треба да се испрати на: wnioski@pol.org.pl 

    Формулари за аплицирање, исто така, се достапни и на следнава страница: http://pol.org.pl/wniosek/

    Ве поттикнуваме да ја следите интернет-страницата на Фондацијата: www.pol.org.pl и профилите на Фондацијата на социјалните медиуми.

    Доколку имате дополнителни прашања, Ве молиме контактирајте нè на телефонскиот број: +48 22 628 55 57

     

     

    Print Print Share: