close

  • Faithful to my Homeland, the Republic of Poland

     

  • ВЕСТИ

  • 25 јуни 2018

    Директорот на полската Национална агенција за академска размена објави оглас за прибирање апликации за учество во програма за стипендирање за студии од трет циклус во академската 2018/2019 година, наменета за полската дијаспора.

    Прибирањето на апликациите се врши исклучиво преку информатичкиот систем на Агенцијата, достапен преку: https://programs.nawa.gov.pl/login

    Апликациите може да се поднесуваат до 10 јули 2018 година, до 15:00 часот.

    Правилата за аплицирање, исто така, се достапни на: https://nawa.gov.pl/studenci/studenci-zagraniczni/program-stypendialny-dla-polonii/ogloszenie, а правилникот на програмата е достапен на: https://nawa.gov.pl/images/Polonia---doktoranckie/Regulamin-Polonia-III.pdf

    Програмата им нуди на младите со полско потекло можност за редовно студирање во Полска на студии од трет циклус, на високообразовни установи кои му подлежат на полското Министерсково за наука и високо образование, како и можност за добивање на стипендија од Агенцијата за покривање на животните трошоци за време на реализација на оваа форма на студии. Цел на програмата, којашто ги имплементира заложбите на „Владината програма за соработка со полската дијаспора и Полјаците во странство“ е подобрување на познавањето на полскиот јазик и нивото на квалификациите во полските заедници во странство, преку овозможување на младите со полско потекло да студираат на студии од трет циклус со стипендирање на високообразовните установи во Полска.

     

    Print Print Share: