close

  • Faithful to my Homeland, the Republic of Poland

  • ВЕСТИ

  • 26 јуни 2018

    „Интеграција светските региони – цели и сценарија за соработка“ – ова е насловот на Третата меѓународна економско-научна конференција, којашто ќе се одржи на 18 и 19 октомври 2018 година во седиштето на полското Министерство за претприемништво и технологија, на којашто Ве покануваат: „Кооперејшн ист“ (од Германија), Фондацијата „Светска полска економска дијаспора“ (од Варшава) заедно со меѓународниот полско-германско-дијаспорски конзорциум.

    Настанот ќе биде идеално место за размена на контакти и искуства меѓу претставници на бизнис и научните средини од Полска и различни светски региони.

    Информации и програма на конференцијата на полски јазик се достапни на: www.ir-union.de (на јазичето: актуелности/настани/конференција 2018).

    Меѓународниот настан ќе биде идеална прилика за промотивно-информативни активности, кон што ги поттикнуваме сите заинтересирани.

    Учеството на конференција го потврдија, меѓу другото претставници на: канцеларија на претседателот на Република Полска, Министерството за претприемништво и технологија, Министерството за морско стопанство и внатрешна пловидба, Локалната самоуправа на Поткарпатското Војводство, Амбасадата на Обединетите Арапски Емирати (ќе присуствува амбасадорот, Н.Е. д-р Јусуф Ајса Ал Сабри), Јапонија, Белорусија, германската сојузна покраина Бранденбург, германската сојузна покраина Рајна-Палатинат, како и други личности од светот на политиката, бизнисот и науката.

    Ги покануваме сите заинтересирани за учество на конференцијата да нè контактираат.

    Print Print Share: