close

  • Faithful to my Homeland, the Republic of Poland

     

  • ВЕСТИ

  • 17 октомври 2018

    Одбележување на 169 години од смртта на Фредерик Шопен

    Општина Кисела Вода во соработка со Амбасадата на Република Полска во паркот Фредерик Шопен организира концерт по повод 169 години од смртта на композиторот. Пред бистата на Фредерик Шопен свежо цвеќе положија Конзулот на РП, Катажина Пташињска и претседателот на Советот на Општина Кисела Вода, Дарио Шимиќ. На овој настан присутен беше и секретарот на Општината, Александар Алексовски. Публиката имаше можност да ужива во концертот на Даница Стојанова – пијано, Марјан Ивановски -виолончело и Билјана Јосифов – сопран.

    Фотографии овозможени од Општина Кисела Вода

    chopin3
    chopin5
    chopin6
    chopin4
    chopin1

    Print Print Share: