close

  • Faithful to my Homeland, the Republic of Poland

     

  • АКТИВНОСТИ НА АМБАСАДАТА НА РП ВО СКОПЈЕ

  • 23 јануари 2019

    Амбасадорот на Република Полска, Војциех Тицињски, се сретна со припадници на Полската полиција кои служат во Косово

    На 23 јануари Амбасадата на РП во Скопје беше домаќин на претставниците на XXIX смена на Специјалната единица на полската полиција која е дел од Мисијата на ЕУ за владеење на правото во Косово (ЕУЛЕКС). Командир на сегашната смена е помлад инспектор Адријан Клејнер од Војводската команда на полиција во Вроцлав. Амбасадата беше претставувана од амбасадорот Војциех Тицињски и советникот Вероника Станиец-Порчик. На средбата беше раговарано за прашањата поврзани со работата на полските полицајци во Косово, како и за евентуална соработка во областа на развојните проекти на амбасадата, реализирани во Косово.

     

     

     

    Print Print Share: