close

  • Faithful to my Homeland, the Republic of Poland

     

  • ВЕСТИ

  • 28 јуни 2018

    Македонскиот премиер Заев во посета кај полскиот премиер Моравјецки.

    Претседателот на Владата на Република Македонија и претседателот на Владата на Република Полска се сретнаа во Варшава, за да разговараат за поддршката за Македонија на нејзиниот пат кон НАТО и ЕУ.

    Заев и Моравјецки ја започнаа средбата со појадок, на којшто ги придружуваа министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Димитров и заменикот на претседателот на Владата на Република Македонија, задолжен за европски прашања, Бујар Османи. Потоа се одржа прес-конференција.

    Премиерот Моравјецки му се заблагодари на премиерот Заев за првата средба на ниво на шефови на влади од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете држави пред 25 години, му ја честита спогодбата постигната со Грција и додаде дека Полска ја поддржува интеграцијата на Македонија со НАТО.

    Премиерот Заев на Полјаците им ја честита 100-годишнината од повторното стекнување на независноста и изрази благодарност за значајната поддршка во клучните моменти.

    За време на средбата беше споменато дека одлуката за отворање на пристапните преговори со Македонија и поканата за влез во НАТО означуваат поголема безбедност и стабилност за Западен Балкан, но и за Европа и светот. Премиерот Заев истакна дека добра вест за државите од Западен Балкан е фактот дека детерминацијата и реформирањето на политиката со цел затворање на билатералните прашања се ценети од страна на НАТО и ЕУ.

     

    premierzy
    premierzy3
    premierzy4
    premierzy5

    Print Print Share: