close

  • Faithful to my Homeland, the Republic of Poland

     

  • ВЕСТИ

  • 27 јуни 2018

    На 27 јуни 2018 година, градоначалникот на Општина Демир Капија и градоначалникот на Општина Градско потпишаа договори со Амбасадата на Република Полска во Скопје за реализација на проекти финансирани од програмата МАЛИ ГРАНТОВИ 2018.

    Проектот „Подобрување на условите за живот преку унапредување на животната средина“ ќе се реализира во пет села на територијата на Општина Демир Капија: Прждево, Бистренци, Корешница, Чифлик и Дрен. Секое домаќинство ќе добие пластична канта за отпад, а во селата ќе се постават и колективни поцинкувани контејнери, коишто, исто така, ќе служат за собирање комунален отпад. Ќе исчезнат дивите депонии, што ќе придонесе за елиминирање на опасностите од заразни болести, а селските улици ќе бидат чисти. Активностите, освен заштита на животната средина, ќе имаат за цел и подобрување на имиџот на регионот и поттик за развој на туризмот. Освен горенаведените иницијални активности, Општината планира и низа активности за подигнување на свеста на граѓаните за суштината на грижата за животната средина.

     

    Проектот „Подобрување на предучилишното образование во руралните средини – градинка ’Димче Мирчев‘ во Велес, клон 7 ’Кокичиња‘ во Градско“ ќе придонесе за подобрување на квалитетот на образованието и престојот на децата на возраст од 3 до 6 години во таа предучилишна установа во Општина Градско. Новите наставни помагала и опремата ќе ги изедначат шансите на тамошните деца со тие, коишто им се ставени на располагање на децата во градските средини. Реализацијата на задачата има за цел, исто така, поттикнување на родителите кон целосно посветување на професионалните обврски, благодарение на обезбедувањето во текот на денот на соодветна грижа за децата во предучилишната установа.

     

    Двата проекти се одлични прилики Амбасадата на Република Полска во Скопје да воспостави продлабочена соработка со Општина Демир Капија и со Општина Градско. При реализација на проектите ќе може да се пренесат полски искуства поврзани со заштитата на животната средина и предучилишното образование.

    DSCN7911
    DSCN7946
    DSCN7970
    DSCN7994
    DSCN8004
    DSCN8008
    DSCN7954

    Print Print Share: