close

  • Faithful to my Homeland, the Republic of Poland

     

  • ВЕСТИ

  • 21 декември 2018

    15 декември беше последниот ден na 24-тата Конференција на Страните на Рамковната конвенција на Обединетите нации за климатски промени (COP24), на која беше усвоен Катовице климатскиот пакет.

    Пакетот на насоки за спроведување на Парискиот договор е документ со 133 страници, кој воведува хомогени принципи за спроведување на Договорот и борба против климатските промени за сите земји, земајќи предвид нивото на развој и специфичните состојби на државите.

    За време на конференцијата се спроведени сите планирани настани на високо ниво - Дијалог Таланоа, министерски дијалог за климатско финансирање и дијалог за активностите пред 2020 година, како и низа настани како дел од глобалната климатска агенда.

    Важен настан на COP24 беше Лидерскиот самит на 3 декември 2018 година - кој ги собра делегациите од целиот свет, прифаќајќи ја, предложената од Претседателот на Република Полска, тема за заедничка трансформација.

    Единствената област во која не е постигнат значителен напредок е поглавјето за пазарните механизми (член 6 од Парискиот договор). На ова прашање ќе се работи и за време на следната седница на COP25, следната година во Чиле.

    Трајна трага на иницијативите на Полска за време на конференцијата во Катовице се усвоените документи: Декларација за солидарна трансформација, Декларација "Шуми за климата" и Партнерство за активностите за развој на електромобилност (Driving Change Together Partnership). 

     

                      Прес канцеларија на Министерството за надворешни работи на Република Полска

    COP24 rotator

    Print Print Share: