close

  • Faithful to my Homeland, the Republic of Poland

     

  • ВЕСТИ

  • 18 октомври 2018

    Официјално отпочнување на дипломатската мисија на Војциех Тицињски – Амбасадор на Република Полска во Република Македонија

    На 18 октомври новоименуваниот Амбасадор на РП во Скопје Војциех Тицињски му ги предаде акредитивните писма на Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов. Претседателот Иванов истакна дека полско-македонските односи ги карактеризира искрено пријателство, меѓусебна почит, континуиран политички дијалог и значајна динамика во соработката во повеќе области.

     

    Амбасадорот Тицињски констатира дека работењето на развојот на билатералните односи и за доброто на двата народи за него претставува привилегија и изрази задоволство од можноста за соработка со Македонците, кои со право се гордеат со својата независност, историја и достигнувања и кои имаат оправдани амбиции за евроатлантските интеграции.

     

    Повеќе информации: http://president.mk/mk/2011-06-17-09-55-07/2011-09-03-11-41-54/5352.html

     

     

     

     

    Фотографии овозможени од Кабинетот на Претседателот на РМ

    listy
    Listy3
    Listy4
    listy2

    Print Print Share: