""
close

  • Faithful to my Homeland, the Republic of Poland

     

  • ПРАВНИ РАБОТИ

  • Cклучување брак во странство

    I. СКЛУЧУВАЊЕ БРАК ВО СТРАНСТВО

     

    1. Изјава пред полскиот конзул за стапувањето во брак и за презимето на сопружниците и нивните деца

     

     

    Пред полскиот конзул може да стапат во брак исклучиво полски државјани.

     

     

    1.1 Потребни документи

     

    • валиден документ кој го потврдува идентитетот (лична карта, пасош) – на увид;
    • скратен извод од матична книга на родени;
    • доказ за престанок или неважност на бракот, доколку лицето кое сака да склучи брак претходно била во брачна врска (тоа се пред се изводи од матичните книги: извод од матична книга на умрени од предходниот сопружник, извод на венчани со забелешка за негово прекинување по пат на развод или прогласување за неважечки, или правосилни судски пресуди: со утврдување на смрт или признавање дека е починат предходниот брачен другар, со развод, со прогласување на бракот за неважечки, со непостоење на брак);
    • писмена потврда за непостоење на околности кои го попречуваат склучувањето на брак;
    • изјави за презимето кое ќе го носат сопружниците по склучување на бракот и нивните деца
    • Доказ за уплата на конзуларните такси.

     

    1.2 Одредување на презимето на брачните другари и нивните деца

     

     

    По склучување на бракот брачните другари може да го носат презимето:

    • досегашното;
    • на брачниот другар;
    • на своето презиме да го додаде презимето на брачниот другар

     

    Во случај на недостиг на изјави поврзани со презимето, секој од брачните другари го задржува своето дотогашно презиме.

     

    Детето може да го носи презимето:

    • истото презиме како и на родителите или на едниот од нов;
    • создадено презиме со поврзување на презимето на мајката со презимето на таткото

     

    Ако родителите не дале согласна изјава во врска со презимето на детето, тоа ќе го носи презимето кое ќе се состои од презимето на мајката и додадено презимето на таткото

    Презимето на сопружниците и нивните деца не може да содржат повеќе од два дела.

     

     

    2. Потврда за правна способност за склучување брак во странство

     

     

    Потврдата се издава со цел склучување на брак согласно полските закони. Може да ја добие полски државјанин кој живее во странство и нема место на живеење во Полска или не може да се одреди и полски државјанин кој живее од својата16 година надвор од границите. Потврдата има рок на важност 3 месеци.

                                                               

    2.1 Потребни документи

     

    • барање до конзулот (превземи ги информациите на почекотот
    • скратен извод од матична книга на родени или доказ за престанок или неважност на бракот, ако лицето кое има намера да склучи брак било претходно во брачна врска;
    • писмена потврда за непостоење на околности кои го попречуваат склучувањето на бракот;
    • Доказ за уплата на конзуларните такси.

     

    II. ВРАЌАЊЕ НА ПРЕДХОДНО НОСЕНОТО ПРЕЗИМЕ ПРЕД СКЛУЧУВАЊЕ НА БРАК

     

     

    Полски државјанин по разводот може да си го врати носеното презиме пред склучување на бракот поднесувајќи изјава пред конзулот во период од 3 месеци од денот на правосилност на пресудата за развод.

     

     

    1. Потребни документи

    • Валиден документ за идентификација – на увид;
    • Потврда за правосилна судска пресуда за развод.
    • Доказ за платена конзуларна такса.

     

    Ако лицето кои поднесува таква изјава сака да добие извод од матичните книги  кој ќе потврди враќање на презимето носено пред да се склучи бракот, треба да поднесе:

     

    Барање до конзулот за издавање на извод од книга на венчани  (превземи ги информациите на почекотот)

    Доказ за платена конзуларна такса.

    Print Print Share: