""
close

  • Faithful to my Homeland, the Republic of Poland

     

  • ПРАВНИ РАБОТИ

  • Изјава за признавање на татковство

    Изјава за признавање на татковство може да поднесе  пред полскиот конзул и раководителот на матичната служба само полнолетно лице. Лицата кои навршиле 16 години ваква изјава може да дадат само пред суд за старателство.

    Мажот, чие е детето, изјавува дека е татко на детето, додека пак мајката на детето- потврдува во истиот момент или во период од три месеци од денот на изјавата на мажот, дека татко на детето е тој маж.       

    Признавање на детето може да се случи пред полскиот конзул доколку барем еден од родителите на детето е полски државјанин.

     

    1. Татковство може да се признае за дете:

     

    зачнато;

    • родено, до моментот на полнолетство;
    • починато пред да направи полнолетство – во период од 6 месеци од денот кога мажот кој ја дава изјавата за признавање на татковство, разбрал за смртта на детето, сепак не подоцна од денот кога детето би станало полнолетно.

     

    2. Дете, за кое е утврдено татковството со помош на признание го носи презимето:

     

    • на едниот од родителите или презимето направено со поврзувањео на презимето на мајката со презимето на таткото на детето – во ситуација кога родителите имаат согласни изјави во врска со презимето на детето;
    • се состои од презимето на мајката и додадено презимето на таткото на детето- во ситуација кога има несогласување на изјавите на родителите на детето во врска со неговото презиме.

     

    3. Недозволиви претпоставки за признавање на татковство пред конзулот:

     

    • кога детето ќе достигне полнолетство;
    • прифаќање на конечни изјави за признавање или откажување од прием од страна на друг раководител на матичната служба или конзулот;
    • сомневање во потеклото на детето;
    • започнување на судска постапка за одредување татковство;
    • немање на целосна способност за правни дејствија од страна на лицата кои ги даваат изјавите.

     

    Одрекување да се прими конечна изјава за признавање на татковство пред конзулот, овозможува признавање на татковство единствено пред суд за старателство.

    Print Print Share: