""
close

  • Faithful to my Homeland, the Republic of Poland

     

  • ПРАВНИ РАБОТИ

  • Изготвување на полски изводи од матичните книги врз основа на странски документи

     I. ИЗГОТВУВАЊЕ НА ПОЛСКИ ИЗВОДИ ОД МАТИЧНИТЕ КНИГИ ВРЗ ОСНОВА НА СТРАНСКИ ДОКУМЕНТИ

     

     

     

    Странските изводи од матичните книги имаат еднакви овластувања како и полските документи. Нивното регистрирање во полските матични книги на акти не е задолжително, но понекогаш е неопходна за завршување на работа во полските општини, на пр. изготвувње на пасош.  

    Барање за регистрација на актите од матичните книги во полските матични книги на акти може да поднесе:

    • лице, сопственик на изводот
    • лице, кое ќе покаже правен интерес
    • полномошник на гореспоменатото лице
    • блиско семејство: прво колено (дедовци/баби, родители), потомство (деца, внуци), сопружник, брат/сестра и законски претставник,без задолжително приложување на полномошно

    Во случај на поднесување на барање со посредство на полномошник треба да се приклучи и самото полномошно.

     

    Истовремено, регистрација на актите од матичните книги во полските матични книги на акти може да го поднесе погореспоменатото лице со посредство на конзулот на РП. 

     

    Запишување (транскрипција) на странските изводи од матичните книги во полските матични книги на акти

     

    Изводот од матичните книги издаден во странство може да се запише во полските матични книги на акти со барање од заинтересираното лице или институција.

     

    1.1 Потребни документи

    • барање до управникот на матичната служба  (превземи).
    • Оригинален извод за брачна состојба издаден од соодветна установа заедно со превод на полски јазик од овластен судски преведувач или од полскиот конзул;
    • Доказ за уплата на конзуларна такса.

    1.2 Овласувања на органот

     

    • Матичната служба на местото на живеење во татковината на поднесувачот
    • Матична служба на последното место на живеење во татковината – доколку поднесувачот нема место на живеење во земјата
    • Матична служба на гл.град Варшава – ако не може својставата да се утврдат на погореспоментиот начин.

    1.3 Дополнителни информации

     

     

    Изјава за презимето кое го носи лицето по склучување на брак

     

     

    Во случај на немање информација за презимињата на сопружниците во странскиот извод од венчани и за децата од тој брак, полскиот државјанин може заедно со барањето за транскрипција на странскиот извод на венчани да поднесе и изјава за презимето. Доколку двајцата сопружници се полски државјани-  можат исто да поднесат изјава за презимето на децата кои се родиле во тој брак.

     

    Утврдување на презимето на сопружниците и на нивните деца- во точката СКЛУЧУВАЊЕ НА БРАК ПРЕД КОНЗУЛОТ  

    Дополнување на изводите од матични книги– во точката ДОПОЛНУВАЊЕ И ИСПРАВКА НА ИЗВОДИТЕ ОД МАТИЧНИТЕ КНИГИ  

    Исправка на изводите од матичните книги- во точката ДОПОЛНУВАЊЕ И ИСПРАВКА НА ИЗВОДИТЕ ОД МАТИЧНИТЕ КНИГИ 

     

     

     

    2. Репродукција на изводот од матичните книги кој е направен во странство

    Ако изводот на раѓање, венчавање или смрт е издаден во странство, а негов препис не е можен или се појавиле сериозно потешкотии, може да се направи реконструкција на неговата содржина на барање на заинтересирано лице, државен орган или матичната служба.

     

     

    2.1 Потребни документи

     

    • Барање до управникот на Матичната служба (превземи ги информациите на почетокот)
    • Документи кои го потврдуваат случајот во странство (на пр. изјави од сведоци, легитимација за осигурување, изјави или извадоци од катастарските книги, даночните или преписи од други  изводи од матичните книги кои се однесуваат на лицето, за кое што се утврдуваат податоците во реконструираниот извод) заедно со преводи на полски јазик направени од овластен судски преведувач или од полскиот конзул;
    • Доказ за уплата на конзуларните такси.

     

    2.2 Овласувања на органот

     

    • Матичната служба на местото на живеење во татковината на поднесувачот
    • Матична служба на последното место на живеење во татковината – доколку поднесувачот нема место на живеење во земјата
    • Матична служба на гл.град Варшава – ако не може својставата да се утврдат на погореспоментиот начин.

     

    3. Регистрирање на раѓање и смрт, за кои не бил издаден странски извод од матичните книги

    Раѓање или смрт, кои се случиле во странство и не биле регистрирани во странските матични книги на акти, може да се регистрира во полските матични книги на акти.

     

     

    3.1 Потребни документи

     

    • Барање до управникот на Матичната служба (превземи ги информациите на почекотот)
    • Други документи кои не се изводи од матичните книги, а сепак претставуваат доказ дека настанот се случил во странство.

    Примери:

    - лекарско уверение за раѓање,

    - привремена потврда за смрт на лицето,

    - потврда за пораѓај,

    - изјави од сведоци,

    - судски, нотарски или административни потврди, зедно со официјални преводи на полски јазик направени од овластен судски преведувач или од полскиот конзул,

    - Доказ за уплата на конзуларните такси.

     

     

    3.2 Овласувања на органот

    • Матичната служба на местото на живеење во татковината на поднесувачот
    • Матична служба на последното место на живеење во татковината – доколку поднесувачот нема место на живеење во земјата
    • Матична служба на гл.град Варшава – ако не може својставата да се утврдат на погореспоментиот начин.

     

     

    II. ДОПОЛНУВАЊЕ И ИСПРАВКА НА ИЗВОДИТЕ ОД МАТИЧНИТЕ КНИГИ

     

    1. Дополнување на изводот од матичните книги.

    Доколку на изводот од матичните книги ги нема сите потребни податоци кои треба да бидат вклучени, подложи на дополнување.

     

     

    1.1 Потребни документи

     

    • Барање за дополнување на изводот од матичните книги  (превземи ги информациите на почекотот)
    • Препис од изводот од матичните книги  за кој треба надополнување
    • Докази од документи со кои се предходно изготвени изводите од матичните книги, а кои ги содржат податоците кои недостасуваат (на пр. основа за изготвување на извод од родени за дете ќе биде изводот од венчани на неговите родители, изводот од родени се дополнува врз основа на изводите на договорените страни). Ако изводите ги нема во полската матична служба, доволно е да се укаже на името на институцијата и да се обезбеди информација за лоцирање на изводот.
    • Доказ за уплата на конзуларните такси.

     

    1.2 Овластување на органот

     

    Матична служба одговорна за местото на изготвување на изводот од матичните книги кој треба да се дополнува.

     

    2. Исправка на полскиот извод од матичните книги

     

     

    Доколку изводот од матичните книги  содржи очигледни печатни грешки, тие подлежат на исправка.

     

     

    2.1 Потребни документи

     

    • Барање за исправка на изводот од матичните книги  (превземи ги информациите на почекотот)
    • Препис од изводот од матичните книги  за кој треба да се направи исправка
    • Докази од документи со кои се предходно изготвени изводите од матичните книги  (на пр. извод од родени за дете може да се исправи брз основа на изводот од венчани на неговите родители или изводот на родени на едниот родител, извод од венчани може да се исправи врз основа на изводите на брачните другари, извод од умрени може да се исправи врз основа на извод од венчани или изводот на родени на починатото лице)
    • информација за лоцирање на изводот.
    • Доказ за уплата на конзуларните такси.

     

    2.2 Овластување на органот

     

    Матична служба одговорна за местото на изготвување на изводот од матичните книги  кој треба да се исправа.

    Одбивање на дополнување и исправка по пат на административна одлука на која може да се поднесе жалба до надлежниот градоначалник. Доколку станува збор исправка  која е поголема од очигледна техничка грешка, по исцрпување на  административните процедури, постои можност за исправка на изводот од матичните книги  во јавна судска постапка.

    Print Print Share: