""
close

  • Faithful to my Homeland, the Republic of Poland

     

  • ПРАВНИ РАБОТИ

  • Промена на име или презиме

    Промена на име или презиме може да се направи само од исклучително важни причини , во детали ако се однесува на промена на:  

    • име или презиме на лице кое служи за потсмев и му е невредено човечкото достоинство;
    • име или презиме кое се користело;
    • име или презиме кое бесправно било сменето;
    • име или презиме кое се носи согласно правилата на полскиот закон, чие државјанство се поседува.

     

    Полски државјанин кој живее во странство може да го смени името или презимето на свое барање, поднесено со посредство на конзулот на РП или преку пошта, под услов на заверка на потписот од страна на нотар/полскиот конзул.

    Барателот мора да поседува евиденциски број ЕМБГ.

     

     

     

    1. Потребни документи:

    • барање до раководителот на МС (превземи ги информациите на почекотот)

     

    • документ кој го потврдува идентитетот (на увид) – ако тој документ нема ЕМБГ, барателот исто така доставува потврда за доделување на ЕМБГ или изјава дека му е доделен број;
    • целосен извод од матична книга на родени;
    • целосен извод од матична книга на венчани;
    • целосен извод од матична книга на родени на малолетни деца, ако промената на презимето се префрла и надетето;
    • други документи кои ја оправдуваат промената на презимето;
    • доказ за извшена конзуларна уплата;
    • доказ за извшена административна уплата во висина од 37 злоти префрлена на сметка на соодветната служба на опшитната во -  во случај на праќање по пошта треба да се поднесе барање.

     

    ВНИМАНИЕ:

     

     

     

    Бројот на банкарска сметка, каде треба да се изврши административна уплата, треба да се утврди на интернет страната на матичната служба во општината каде се наоѓа седиштето на раководителот на матичната служба, кадесе поднесува барањето во врска со промената на име или презиме.

     

     

     

    2. Овласувања на органот

    • Матичната служба на местото на живеење во татковината на поднесувачот
    • Матична служба на последното место на живеење во татковината – доколку поднесувачот нема место на живеење во земјата
    • Матична служба на гл.град Варшава – ако не може својставата да се утврдат на погореспоментиот начин.

     

    По промената на презимето тоа не може да се состои од повеќе од два дела.

     

    Print Print Share: