""
close

  • Faithful to my Homeland, the Republic of Poland

     

  • ПАСОШИ

  • Секој државјанин на Полска има право да добие пасош, лишувањето или ограничувањето на ова право може да настапи само во случаите одредени со Законот за патни исправи од 13 јули 2006г.  (Сл.В бр. 143, ст. 1027 со подоцн.измени).

     

    Овластен орган за издавање пасоши за полските граѓани кои живеат во странство е конзулот.
    Конзулот може да издаде два типа на патни исправи: Пасоши и привремени пасоши. (Почесниот конзул не претставува овластен орган за издавање пасоши и не ги спроведува случаите поврзани со издавање пасош).

     

     

    Пасош издаден:
    - на лице на возраст под 13 години - важи 5 години од денот на издавање,
    - на лице над 13 години - важи 10 години од датумот на издавање.

    Пасошот содржи микрочип, во кој се вклучени биометриски податоци на носителот (биометрика: слика од лицето и отпечатоци од прсти поставени во пасошот во електронска форма).

     

     

    Привремен пасош се издава на:
    1) лица во странство, додека трае периодот на чекање за пасошот кој треба да се достави, а се изготвува во Република Полска (доколку барателот изрази желба и поднесе барање)
    2) лицата кои се привремено во Полска и во странство, за да се вратат во местото на постојан престој,
    3) лица кои престојуваат во Полска и во странство, во документирани случаи на ненадејна болест или погреб на член од семејството.
     

    Привремениот пасош важи за периодот наведен во него, но не подолго од 12 месеци од датумот на издавање. Во привремените пасоши нема биометриски податоци.
    Привремен пасош за луѓето кои доаѓаат привремено во Полска и во странство, за да се вратат во местото на живеење, им издава началникот на војводството во Полска, а во странство конзулот - надлежен за местото на времен престој на тоа лице.

    -----

    Патна исправа се издава на барање на полнолетна личност по поднесување на потребните документи, земање на биометриски податоци и плаќање на надомест. Барањето за пасош се поднесува лично.


     

    Примерок за пополување на барањето за пасош

    https://portaltest.msz.gov.pl/resource/35ed67ab-6620-4c3b-ba62-c3cec84a8565

     

     

     Лицето кое поднесува барање за пасош или привремен пасош до конзулот поднесува:

    - Пополнето барање за пасош или привремен пасош
    (барањата се земаат во конзулатот).

    - Фотографии во боја со димензии 35x45mm, направени во последните 6 месеци на обична бела позадина, кои ја отсликуваат природната боја на кожата, имаат добар контраст и јасно покажувајќи ги очите, особено зениците, а исто и лицето од врвот на главата до врвот на рамената, така што лицето треба да опфаќа 70-80% од фотографијата. Фотографија треба да ја претстави личноста во фронтална позиција без да биде покриена главата  и да нема темни очила, да гледа право напред со отворени очи, кои не се покриени од косата, со природен изглед на лицето и затворена уста.

     

    Лицето кое поднесува барање за пасош или привремена пасош, кое има потврда за инвалидитет или потврда за онеспособеност, издадена во согласност со прописите за медицинска потврда на инвалидноста и степенот на инвалидност, како и лицето чија здравствена состојба не дозволува да се направи фотографија како во погореспомената определена слика, може да поднесе фотографија со димензии 35x45mm, направени во последните 6 месеци на обична бела позадина, кои ја отсликуваат природната боја на кожата, имаат добар контраст и јасно покажувајќи ги очите, особено зениците, а исто  и лицето од врвот на главата до врвот на рамената, така што лицето треба да опфаќа 70-80% од фотографијата. Фотографијата треба да ја претстави личноста во фронтална позиција. Воведувањето на можноста за изработка на фотографии, со исклучок на елементите кои се однесуваат на портретот на личноста (на пр. затворена уста, отворени очи), претставува олеснување за лицата кои не можат целосно да ги исполнат барањата за стандардите на фотографијата.
    Стандардите (за фотографии) споменати  во овој параграф важат и за деца до 5-тата година.

     

     

     Исто така постои и можност да се поднесе фотографија која ја претставува личноста:
    - со очила со темни стакла, сепак треба да се достави потврда за оштетување (вродени или стекнати маани на очите) на лице до 16 години и потврда за оштетување на видот на лицето кое има завршено 16 години,
    - со покриена глава во согласност со својата религија (со покриена глава, но да не бидат сокриени контурите и формата на лицето) – по поднесувањето на потврда за припадност на верска заедница регистрирана во Република Полска.

     

    - Доказ кој потврдува овластување да се искористат олеснувања или ослободување од давачките, како на пр. ученичка или студентска легитимација.

    - Скратен или целосен полски извод од матична книга на родени - во случај на аплицирање за пасош во странство од страна на лица кои немаат ЕМБГ број,

    - Скратен или целосен полски извод од матична книга на венчани- во случај на аплицирање за пасош, секојпат кога ќе има промена на презиме како резултат на склучување брак во странство.

     

     Во посебни случаи, ако податоците содржани во документите доставени од страна на лице или информации содржани во расположливата евиденција предизвикуваат сомнежи за идентитетот или националноста на лицето или во достапните документи и евиденција, постојат недоследности во податоците на лицето, органот за издавање на пасошот може да побара доставување на: скратен полски извод од матичните книги, целосен полски извод од матичните книги или докази за поседување на полско државјанство, за барателот на пасош, издаден според одредбите на Законот од 2 април 2009 година за полско државјанство (Сл.весник од 2012 година, ст. 161)

     

    Од лицето кое поднесува за пасош се земаат отпечатоци од прсти од двете раце со помош на уредот за електрично земање отпечатоци.
    Во патните исправи издадени на лица, од кои земање отпечатоци физички е невозможно, не се прикажува слика од папиларните линии.

     

     

    Малолетни лица
    За да се издаде пасош на малолетник потребна е писмена согласност од двајцата родители (своерачноста на  потписите ја потврдува органот за издавање пасоши или нотар). Барање за издавање на пасош на малолетно лице се поднесува од страна на родителите или старател назначен од страна на судот или еден од родителите, со писмена согласност на другиот родител, кои содржат потврда за неговиот потпис од органот кој го издава пасошот или нотар.
    Во отсуство на компропис меѓу родителите или неможноста да се добие согласност на еден од нив,  согласноста да се издаде пасош може да ја замени одлука на семејниот суд.

     

    Присуството на малолетник на возраст над 5 години е задолжително при поднесување на барање за пасош.
    Не се земаат отпечатоци од прсти од децата до 6 годинишна возраст.

    Забелешка: Од 26 јуни, 2012, се губи важноста на на сите записи на податоци за децата, сместени во пасошите на родителите - направени пред 28 август 2006г. (од 28 август 2006 година не се вклучуваат погореспоменатите записи).
    Ова значи дека по 26 јуни 2012 година, малолетните лица чии податоци се содржани во пасошите на нивните родители, не може врз таа основа да преминуваат граница, тие треба да имаат посебен пасош.

     

    Затоа конзулите ги примаат заинтересираните кои аплицираат за издавање на пасош за малолетници од оваа категорија (чии податоци се внесени во пасошот на родителот) со приоритет и ја завршуваат постапката итно и брзо, а исто и ги преземаат сите можни чекори што може да направат потешкотија за полскиот граѓанин поради оваа причина.

     

     

     

    Обврската за промена на пасош


    Ако има потреба да се  поправат информациите кои се наоѓаат во пасошот (презимето, име / имиња, датум и место на раѓање, пол, ЕМБГ), носителот на важечката патна исправа е должен да аплицира за замена веднаш, но најдоцна во рок од 30 дена од денот на приемот на конечниот административен акт или со правосилна судска пресуда кој ја потврдува измената или добивање на извод од матична книга на венчани кој ја потврдува промената на презимето, а во случај на брак склучен пред конзул или друг орган во странство - од денот на достава на копија од изводот од матична книга на венчани. Во случај на полски граѓани кои живеат во странство период е 90 дена.

     

     

    Губење на пасош, уништување


    На лицето кое ја изгубило патната исправа  или пасошот бил уништен, обврзана е веднаш да го извести органот што го издал пасошот или надлежниот орган според местото на живеење на лицето. (Овој орган по прием на известувањето,утврдување на  идентитетот на лицето и податоците на изгубениот / оштетениот пасош – внесува соодветни информации во пасошката евиденција).

     

     

    Пронајден пасош нема да се врати на лицето кој е сопственик на истиот.  Ако некое лице го најде сопствениот документ- пасош кој претходно е пријавен како изгубен, должен е да му го врати на локалниот надлежен орган за издавање на патни исправи. Обврската да се врати пасошот, останува без оглед на тоа дали на лицето му е издадена нова патна исправа која ја заменува изгубената или сеуште не поднела барање за нов документ.

     

     

    Пасошот не е повеќе валиден:
    1) од денот на известувањето за губење, уништување или пронаоѓање;
    2) од денот на загубата на полско државјанство од страна на носителот на пасошот,
    3) од денот на смртта на сопственикот,
    4) по истекот на 60 дена од денот на доставувањето на конечниот управен акт или со правосилна судска пресуда се потврдува промена на следните податоци: презиме, име (имиња), датум и место на раѓање, пол, матичен број, или издавање на извод од матична книга на венчани кој ја потврдува промена на презимето, а во случај на бракови склучени пред конзул или орган во странство - од денот на доставување на копија од извод од матична книга на венчани.

    Кога се работи за полски граѓани кои живеат во странство овој термин е 4 месеци.

     

     

    Губење на пасош во странство од страна на полски граѓанин – во случај кога се работи за враќање назад до местото на постојан престој.

     

    Конзулот по потврдувањето на идентитетот на лицето и податоците му издава привремен пасош да се врати во местото на постојан престој.

    Ако во изгубениот пасош имало поставено виза, не заборавајте да се обезбедат информации за постапката за излез од земјата на престој (во случај кога е изгубен пасошот во кој била поставена визата).
    Ако полски граѓанин живее во земја каде што не постои полско конзуларно претставништво, тој може да аплицира за привремена патна исправа ETD (итна патна исправа) до конзулот претставник на ЕУ земја-членка. ETD е документ кој може да се издаде за едно патување за да се вратите во Полска или во друга земја-членка на Европската унија (овој документ се издава со овластување од полскиот конзул). Важно е, исто така, по добивањето на ETD документот, да ги дознаете сите информации за процедурата за излез од земјата на престој врз основа на овој документ и сите информации во врска со вашиот престој во транзитна зона за време на на патувањето. Конзулите ги вложуваат сите напори за да се обезбеди помош на засегнатото лице во овој период.

     

     

     

    Ве молиме имајте во предвид дека:


    - Не постои можност да се продолжи важноста на пасошот.
    - Не постои начин да се издаде пасош без слика.
    - во гореспоменатиот Закон дефинирани се податоците кои треба да бидат вклучени во пасошот. Затоа не постои можност за вклучување во пасошот на дополнителни податоци, како што се научни звања, уметнички псевдоними итн.

     

     

    - Губење на важност на пасошот не го лишува од правата носителот (полски граѓанин) да влезе врз основа на тој документ на територијата на Република Полска, иако треба да се забележи дека ова правило не се применува во секој поглед на правото на влез и престој на носителот на тој документ на територијата на друга држава. Затоа ве молиме да се запознаете со условите кои мора да бидат исполнети кога еден патник ја преминуваат границата кога ја напушта земја на престој, а можеби и поминува преку други земји.
    Вработениот во пограничната служба, во случај на барање од граничната контрола на лице влез на полска територија, а притоа претстави неважечки пасош:
    1) дозволува да ја премине државната границата, откако го потврдуваат идентитетот и националноста на полскиот граѓанин;
    2) го задржува пасошот на лицето;
    3) издава потврда за задржување на пасошот.

     

     

    Трошоци за патни исправи:


    10-годишен пасош - МКД 6,743.00
    5-годишен пасош за малолетно лице до 13 години -МКД 2,146.00

    Привремен пасош, додека се чека за пасош - МКД 920,00
    Привремен пасош за возрасни (18-70 години) - МКД 2,452.00
    Привремен пасош за малолетно лице до 13 години - МКД 1,839,00

     Лица над 70 години се ослободени од такси за пасош - 0.00 МКД


     

    Таксите се наплаќаат во согласност со Оклуката за конзуларни такси на Министерот за надворешни работи од 23 април 2013 година.

    Print Print Share: