""
close

  • Faithful to my Homeland, the Republic of Poland

     

  • ПОЛСКО ДРЖАВЈАНСТВО

  • 1. Утврдување на сопственост на полското државјанство

     

     

    Според чл.55 став 1 од Законот, одлука за потврдување поседување на полско државјанство или загуба се дава на барање на лицето, дел од предметната постапка кое покажува правен интерес или има должност да донесе одлука, градоначалникот надлежен за местото на престој или последното место на живеење на територијата на Република Полска за лицето, кое е дел од предметната постапка, а во отсуство на оваа база- началникот на округот-територијата на пределот Мазовија. Против одлуката на началникот може да се поднесе жалба до Министерот за внатрешни работи.

     

     

    Лицата кои живеат надвор од границите на Полска може да се обратат до надлежниот градоначалник преку полскиот конзул. Воедно, треба да се напомене дека согласно член 40 § 4 од Кодексот за управни постапки " жител кој живее во странство или со постојан престој во странство, ако не постави полномошник за случајот на престој кој е во земјата, обврзан е да одреди овластено лице за достава кое е во земјата." Ова едноставно значи дека жалителот кој живее во странство, а кој не овластил полномошник во земјата е должен да одреди овластено лице во Полска за прием преписка во Полска, т.е овластено лице за прием на коресподенција во Полска заедно со нејзината адреса. Барањето се поднесува на образец одобрен од страна на Министерот за внатрешни работи на 7 август 2012 година. во врска со модел на образецот за потврда на поседување или загуба на полското државјанство (Сл.В ст.925).

     

     

    Барањето се поднесува на образец одобрен од страна на Министерот за внатрешни работи. Барањето за потврда за поседување или загуба на полското државјанство содржи податоци за лицето, чија потврда е во прашање, и нејзини прелиминарни за нареден степен податоци, како и информации за релевантните факти потребни за утврдување на фактичката и правната состојба. Треба да се напомене дека барателот е должен да вклучи кон барањето дополнителни документи кои ги потврдуваат податоците и информациите содржани во пријавата.

     

     

    За да се утврди основа за стекнување и губење на полско државјанство меродавни се законите кои се на сила во времето на настанот или дејствието, поради што резултат е стекнување или губење на полско државјанство, кои имаат правна сила или се од надлежен орган. Во текот на истрагата градоначалникот се обидува да собере докази кои ќе овозможат издавање на решение кое недвосмислено го решава проблемот за поседување на полско државјанство од страна на засегнатото лице.

     

     

    2. Стекнување на полско државјанство. Враќање на полско државјанство.

     

     

    На 15 мај 2012 година, стапија на сила одредбите од член 5 од Законот од 2 април 2009г. за полско државјанство (Службен весник од 2012 година, точ. 161), кои ја регулираат постапката која треба да се следи во случај на враќање на полското државјанство заедно со извршните прописи утврдени во Одлуката на Министерот за внатрешни работи, издадена во консултација со Министерот за надворешни работи, од 8 мај 2012 од примерокот на формуларот на Барањето за враќање на полското државјанство и фотографии кои го придружуваат истото (Сл.весник од 2012 година, точ.501). Со овие правила се воведе нова, досега непозната на полскиот закон, институцијата за стекнување на полско државјанство - обновување на полско државјанство. Оваа институција ќе овозможи, по исполнување на условите утврдени во предметниот закон за полско државјанство, стекнување на полското државјанство на странци кои во минатото имале полско државјанство и го загубиле, пред 1 јануари 1999 година, врз основа на правилата од Законот од  20 јануари 1920 година, за државјанство од полската држава (Сл.весник бр 7, точка. 44, со подоцнежни измени.), Законот на 8 јануари 1951 за полско државјанство (Сл.весник бр 4, точка. 25 ) и Законот од 15 февруари 1962 година за полско државјанство (Сл.весник од 2000 година бр 28, став. 353, со подоцнежни измени). Полско државјанство ќе може да се обнови со административна одлука од страна на Министерот за внатрешни работи на барање на заинтересираното лице.

     

     

    Кон барањето за враќање на полското државјанство треба да се приклучат и следниве документи:

     

     

    1. документи кои го потврдуваат идентитетот и државјанството;
    2. документи кои потврдуваат промена на име и презиме, ако има такви;
    3. поседувани документи со кои се потврдува загуба на полското државјанство;
    4. фотографија на лицето кое го поднесува барањето.

     

    Барањата, изјавите и документи кои се потребни за работите утврдени со овој закон, поденесени на странски јазик, треба ќе бидат поднесени со превод на полски јазик изготвени или заверени од страна на судски преведувач или од страна на конзулот, освен ако стои поинаку во меѓународен договор со кој Полска е обврзана.
    Барањето за враќање на полското државјанство се доставува до Министерот за внатрешни работи. Странец кој живее надвор од полската територија поднесува Барање за враќање на полското државјанство преку конзулот кој е овластен според местото на живеење.
    Министерот донесува решение за враќање на полското државјанство по спроведување на истражната постапка регулирана со Законот од Кодексот за управни постапки и споменатиот закон за полско државјанство. Секој случај се разгледува индивидуално. Стекнувањето на полско државјанство е валидно од денот на кој е донесена одлуката за враќање на полско државјанство.

     

     

    3. Одрекување од полско државјанство. Губење на полско државјанство

     

     

    Прашањето на загуба на полското државјанство регулирано е со чл.34. закон 2 од Уставот на Р.Полска и Законот за полско државјанство. Уставот предвидува дека "полски граѓанин не може да го изгуби полско државјанство, освен ако тој самиот не се откаже." Во согласност со член. 46 од цитираниот Закон, полскиот граѓанин го губи полско државјанство на негово барање по добивањето на согласност од страна на претседателот на Република Полска за откажување од полско државјанство. Губење на полското државјанство настапува по период од 30 дена од денот на издавањето на решението на претседателот по ова прашање или во пократок период доколку претседателот така одлучи (член 49 став. 2 и 3). Согласност за откажување од полско државјанство доделена на родителите се пренесува и на децата кои се наоѓаат под нивна родителска надлежност. Согласност за откажување од полското државјанство на еден од родителите, го вклучува и малолетното дете кое е  под родителска грижа, ако другиот родител нема право на старателство над детето или другиот родител дал изјава и се сложил детето да го изгуби полското државјанство. Ако детето е на 16 години тоа ќе се случи само со негова согласност.

     

    Барањето за согласност за откажување од полско државјанство жителите во Р. Полска го поднесуваат до Претседателот на РП, преку градоначалникот, а оние што живеат во странство прекуконзулот.
    Барањето се поднесува лично или по пошта, потпишано од страна на овластената служба. Документите поднесени на странски јазик мора да се достават заедно со нивен превод на полски, подготвени од страна на судски преведувач или од конзулот на Република Полска. Примерокот за барањето за согласност граѓанинот да се откаже од полското државјанство е дефиниран со Одлуката на Претседателот на Р.Полска, од 7 август 2012 година која се однесува на определување на примерокот- формулар за барање на согласност за откажување од  полското државјанство, потребните стандарди кои треба да ги задоволува фотографијата вклучена кон барањето и примерокот за известување кој ја содржи одлуката за согласност за откажување од полско државјанство (Сл.В. ст.928).

    Print Print Share: