""
close

  • Faithful to my Homeland, the Republic of Poland

     

  • ЛЕГАЛИЗАЦИЈА НА ДОКУМЕНТИ - АПОСТИЛИ

  • Апостили - потврдување на јавни документи наменети за правна трговија со странство

    Информации за барање на легализација на странски јавни документи по 14.08.2005г.


    Хашката конвенција од 05.10.1961г. за укинување на барањето за легализација на странските јавни исправи - стапи на сила во однос на Р.Полска на 14.08.2005 (Сл.В. од 24.06.2005г., № 112, точка 938.). Вклучени се 86 земји во Конвенцијата, притоа речиси сите земји-членки на Европската унија (освен Данска), Соединетите Американски Држави (со исклучок на постапките за екстрадиција), Израел, Руската Федерација.
    Според оваа конвенција, надворешната трговија меѓу државите- страни на Конвенцијата, за следните официјални документи не се бара легализација:


    • документи кои произлегуваат од некој орган или службеник на судот, вклучувајќи документи од јавниот обвинител, секретарот на судот или службеник задолжен за достава на документи,

    • административни документи,
    •  нотарски акти,
    • официјални потврди кои се поставени на документи потпишани од страна на поединци кои дејствуваат како приватни лица, како што се административни потврди на регистрација на документот или фактот на негово постоење на одреден датум и административни и нотарски заверки на потписи.

     

     

    Од 14.08.2005 конзуларните канцеларии не се овластени за легализација на овие документи.

    На местото на легализација на погореспоментите документи, Конвенцијата ја воведува обврската за поставување на  "апостили" како единствен акт кој го заверува документот директно на истиот или додадени до него, според примерокот утврдени во Анексот кон Конвенцијата. "Апостилот" ја потврдува автентичноста на потписот, улогата на потписникот на документот и доколку е потребно, идентитетот на печатот или штембилот што стои на документот.

    Забелешка: Легализирање на службени документи се врши само во случај кога документите треба да се користат за правна трговија во земјите, кои не се страни во Хашката конвенција од 1961г.

     

     

    Органи надлежни за издавање на "Апостили":

    За македонските службени документи - Основните судови.

    За полските службени документи - Министерството за надворешни работи во Варшава

     

     

    Министерството за надворешни работи Одделение за легализација,
    Al. Szucha 21, 00-580 Варшава
    тел: 48 22 523 98 45
    e-mail: legalizacja@msz.gov.pl
    прием: 9-13, од понеделник до петок.


     

    Општи информации за заверка на документи, исто така, може да се добијат од одделението за  Конзуларни Информации при Министерството за надворешни работи
    тел 48 22 523 9451 или на веб страната на Министерството за надворешни работи:

     

    http://www.msz.gov.pl/pl/informacje_konsularne/apostille/poswiadczanie_dokumentow_apostille;jsessionid=8A96876D4573FB71A0D514F35816513E.cmsap2p

    Print Print Share: