close

  • Faithful to my Homeland, the Republic of Poland

     

  • ВИЗНА ИНФОРМАЦИЈА

  • Безвизно патување за граѓаните на Република Македонија

     

    Почнувајќи од 19 декември 2009, граѓаните на Република Македонија кои поседуваат биометриски пасоши може да патуваат во Шенген – зоната без визи. Престојот е до 90 дена, во период од шест месеци.

     

    ВАЖНА ИНФОРМАЦИЈА

    Поднесувањето на апликациите за Шенген виза или Национална виза во секој полски конзулат мора да биде проследено со претходна елекстронска регистрација.

    Вашата електронска апликација може да ја поднесете преку веб порталот

    http://www.e-кonsulat.gov.pl

     

    На истатиот портал може да ги најдете дополнителните информациии
    за визните процедури и за начинот на пополнување на електронските апликации.

    E-КONSULAT - HTTP://WWW.E-КONSULAT.GOV.PL

     

    Информираме, дека сите апликации за виза се поднесуваат само
    со претходна регистрација на веб порталот
    www.e-konsulat.gov.pl.

    Тоа значи, дека при секое поднесување на апликација за Шенген виза
    или пак за Националчна виза, задолжително е претходно регистрирање
    на апликациите преку електронскиот систем Е-konsulat.

    Регистрацијата е бесплатна и нема можност да се поднесе нерегистрирана апликација за виза.

    Визни такси:

    Шенген виза - 3678, 00 МКД

    Национална виза - 3678, 00 МКД

    Молиме при плаќањето на визните такси да подготвите точна сума на пари.

     

    ИНСТРУКЦИЈА ЗА НАЧИНОТ НА РЕГИСТРИРАЊЕ НА ВИЗНИТЕ АПЛИКАЦИИ

     

    1. Отворете ја страната www.skopje.msz.gov.pl
    2. Запознајте се со информациите за потребната документација која треба да се приложи со апликацијата за виза.
    3. Кога ќе ги комплетирате документите отворете ја страната www.e-konsulat.gov.pl
    4. Во прозорецот од десна страна изберете јазик кој го разбирате.
    5. Во полето ВИЗА изберете една од опциите Виза Шенген или Национална виза- регистрирај барање. По изборот на визата ќе се отвори формулар за регистрирање на термин, кога да дојдтете во Амбасада.
    6. Одкако ќе резервирате термин, автоматски се отвара визната апликација. За да ја пополните апликацијата имате 60 минути време. По редослед треба да се пополнат сите рубрики. Не пополнетите рубрики или тие што имаат грешки ќе бидат означени со црвено, и автоматски системот нема да ја прифати таквата апликација.
    7. Откако ќе завршите со пополнувањето на рубриките треба да ги прифатите пополнетите податоци и бирате ПРОДОЛЖИ ПОНАТАМУ.
    8. Уште еднаш проверете ги вашите податоци. За да можете да поправите некоја од рубриките изберете ПОПРАВИ. Доколку податоците се исправни изберете ИСПЕЧАТИ.
    9. Откако ќе се појави информацијата со референтниот број на апликацијата избетете ПРЕВЗЕМИ.
    10. Запишете ја апликацијата како документот во PDF форма, следно испечатете ја апликацијата, приложете ги потребните документите и дојдете во Конзуларното одделение на закажаниот датум, кој се наоѓа на последната страна од вашата апликација.

     

    ИНФОРМАЦИИ ЗА ДОБРИВАЊЕ НА РАБОТНА ВИЗА

    Основни документи:

    1. Регистрирано барање на веб порталот www.e-konsulat.gov.pl.
    2. Една фотографија 3,5x4.5 со поглед напред на светла позадина.
    3. Пасош со важност најмалку 3 месеци подолго од датумот на планираниот престој.
    4. Копија на пасош, визите и печатите за влез и излез. Во случај на поседување на повеќе патни исправи, вклучувајки ги и оние со помината важност, требада се приложат оригиналите и копиите на сите патни исправи што се во поседување.
    5. Здравствено осигурување со покритие од € 30 000, важечко во сите држави
      на Европската Унија (осигурувањето треба да ги покрива сите денови на престој за време на важењето на визата). Доколку поседувате дозвола за работа
      на територијата на Република Полска издадена од страна на Војводската Управа или потврда за вработување, доволоно е здраствено осигурување кој покрива период од 30 дена.
    6. изјава на тековната сметка "Trusti" (pasqyra e llogarisë), заедно со печат на органот што ја издал.

    Документи кои ја потврдуваат целта на патувањето:

    1. Оригинал и копија на дозволата за работа на територијата на Република Полска издадена од Војводската Управа.
    2. Оригинал и копија на потврдата за вработување издадена од Војводската Управа или друг орган овластен да издава потврди за работа на територијата на Република Полска.
    3. За правни лица кои се дел од Управните Одбори и запишани во регистар
      како основачи на стопанска дејност- актуелен извод за регистрација во локалните власти.

    Други потврди:

    Конзулот може да побара приложување на дополнителни документи како на пример потврда за предходните легални вработување во странство врз основа на издадени визи Д.

    ВНИМАНИЕ:

    1. Работните визи ги издава надлежен конзул според постојаното место на живеење на странецот.
    2. Работната виза издадена од страна на полскиот конзул, овластува извршување на работна дејност исклучиво на територијата на Република Полска.



     

     

    УПРОСТЕНА ПРОЦЕДУРАТА ЗА ВИЗА ЗА ЧЛЕНОВИ НА СЕМЕЈСТВО НА ДРЖАВЈАНИН НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА (ЕУ)


     

    Процедурата се однесува на странците, коишто патуваат во земја членка различна од земјата членка на ЕУ, чиешто државјанство го поседува членот на нивното семејство кој е државјанин на ЕУ или веќе престојуваат во таа земја.

    Разгледувањето на барањето за виза е ослободено од плаќање на такса. Лицата што поднесуваат барања за виза се примаат во конзуларното одделение без обврска за претходна регистрација.

     

    1. Државјанин на ЕУ е државјанин на земја членка на ЕУ, државјанин на земја членка на Европската асоцијација за слободна трговија (ЕАСТ = EFTA) – која е договорна страна на Договорот за Европска економска област (Норвешка, Исланд и Лихтенштајн), како и државјанин на Швајцарската Конфедерација.

     

    2. Членови на семејство на државјанин на ЕУ се:

    • брачен другар,

    • партнер, со којшто државјанинот на ЕУ стапил во регистрирано партнерство, врз основа на законодавството на дадената земја членка, доколку законодавството на земјата членка која е цел на патувањето ја признава еквивалентноста помеѓу регистрирано партнерство и брак,

    • дете до 21-годишна возраст, коешто е издржувано од страна на државјанинот на ЕУ или неговиот брачен другар или партнер,

    • родители, коишто се издржувани од страна на државјанинот на ЕУ или неговиот брачен другар или партнер.

     

    3. За добивање виза треба да се достават долунаведените документи:

     

    • барање за виза (пополнето на страницата: http://www.e-konsulat.gov.pl/), испечатено, потпишано и со залепена фотографија на него,

    • важечки пасош,

    • документ, којшто го потврдува постоењето на некоја од релациите наведени во точка 2,

    • документ, којшто го потврдува фактот дека го придружувате државјанинот на ЕУ или се приклучувате кон него (на пр.: писмена изјава на државјанинот на ЕУ).

     

    4. Одбивање на барањето за издавање виза:

    Барањето за издавање виза се одбива доколку:

    • влезот на барателот, треба да се случи во период, додека во сила е записот што се однесува на него/нејзе во регистарот на странците, чиишто престој на територијата на Република Полска е непожелен; или
    • престојот на тоа лице на територијата на Република Полска може да претставува опасност за одбраната или безбедноста на земјата или за зачувување на јавниот ред и мир или за јавното здравје.

    Одбивањето на барањето за издавање виза од страна на конзулот има форма на решение. Против решението со кое е одбиено барањето може да се поднесе жалба до министерот за надворешни работи на Република Полска.

    Print Print Share: