close

  • Faithful to my Homeland, the Republic of Poland

     

  • ПРАВО НА ИНФОРМАЦИИ

  • ПРАВО НА ИНФОРМАЦИИ ЗА ПОДАТОЦИ КОИ СЕ НАОЃААТ ВО КОНЗУЛАРНИТЕ СИСТЕМИ

     

    Секое лице поседува право да добие детални информации во врска со своите лични податоци,
    кои се обработуваат во конзуларните системите.

    Согласно член 32, став 5 од Законот за заштита на лични податоци, правото на информација заинтересираното лице може да го користи не почесто од 1 пат во рок од 6 месеци.

    Врз основа на член 32, став 1, точка 5 од Законот за заштита на лични податоци, лицето за кое тоа се однесува може да побара – земајќи ги во предвид неговите лични податоци- следни информации:

    - дали постојат податоци,

    - од кога се обработуваат податоците,

    - кој е изворот на податоците,

    - на кој начин податоците се објавуваат,

    - која е целта и обемот на обработката на податоците,

    - кој е степенот и за кого се достапни информациите.

     

    Администраторот бараните податоци ги доставува во рок од 30 дена.

    За да се добијат информации за обработката на личните податоци во конзуларните системи треба да се поднесе писмено барање на полски или англиски јазик на адреса:

     

    ***

    Амбасада на Република Полска во Скопје

    Конзуларна Секција

    Ул. Димитар Пандилов 2а

    1000 Скопје

    Тел: (+389 2) 324 88 26
    Факс: (+389 2) 313 30

    ***

    Барањето треба да ги содржи следниве податоци:

     

    1. Име и презиме на поднесувачот на барањето;
    2. ПЕСЕЛ број (доколку лицето го поседува);
    3. Државјанство;
    4. Датум и место на раѓање;
    5. Адреса н аживеење (Држава, град, улица и број на куќа/стан);
    6. Предмет на барањето, за што се однесува барањето;
    7. Подпис на поднесувачот на барањето.

    Со цел еднозначно да се потврдат податоците, барателот може да приложи копија на пасош
    од персонализираната страна каде стојат личните податоци.

    Согласно член 32 - Закон од 14 јуни 1960 г. „Кодекс за административна постапка” (Службен весник од 2000 година, Бр 98, поз. 1071 со подоцни измени и дописи), странката може
    во управната постака да ја застапува Ополномоштено лице, доколку природата на постапката не бара лично присуство.

    Принципите за одредување Ополномоштено лице во процесот ги одредува член 33 од Кодексот за административна постапка, односно:

    • Ополномиштеното лице може да биде физичко лице кое има деловна способност,
    • Полномоштвото мора да биде поднесено во писмена форма,
    • Ополномоштеното лице во предметот го доставува оригиналот или официјано завереното полноимоштво.

    Адвокатот или правниот советник или патентиран застапник може сам да го завери полномоштвото кое му е дадено.

     

    ОДБИВАЊЕ ЗА ДАВАЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

     

    Согласни член 34 од Законот за заштита на лични податоци, администраторот може да одбие да даде информации на лицето, за кое тие податоци се однесуваат, и за кои станува збор во член 32, став 1, точка 1-5а, доколку тоа:

    1. Доведе до објавување на нејавни податоци,
    2. Претставува опасност за одбраната и безбедноста на држават, по живот и здравје на луѓето или по безбедност на јавниот мир,
    3. Претставува опасност за основниот економски и финансиски интерес на државата,
    4. Се нарушат основните вредности на лицето за кое се однесуваат податоците или пак за некои други лица.

     

    ПРАВО НА КОРЕГИРАЊЕ НА ПОДАТОЦИТЕ, БАРАЊЕ ЗА ПРЕКИН НА НИВНОТО ОБРАБОТУВАЊЕ ИЛИ ПАК ЗА НИВНОТО БРИШЕЊЕ.
     

    Лицето за кого се однесуваат податоците, може да се обрати до администраторот на податоците
    за дополнување, актуализирање,  корегирање, времено или трајно запирање на обработката или пак за бришење на податоците. Секако, треба прво да докаже дека податоците се некомплетни, невистинити, добиени се нарушувајќи ги одредбите од законот или не се потребни за реализирање на целта за која се собрани.

    Print Print Share: