close

  • Faithful to my Homeland, the Republic of Poland

     

  • КУЛТУРА

  • ПОЛСКА КУЛТУРА

     

     

    Стилот на живот и менталитетот на Полјаците се создаваше подолго од илјада години. Националната култура се раѓаше како под влијание на традицијата на латинскиот, така и на византискиот свет - како резултат на дијалогот меѓу народите кои ја населувале Полска. Полјаците со задоволство ги прифаќале другите творци и се интересирале за достигнувањата на другите народи. Во XИX и XX век многу Полјаци културната активност ја заменувале за сметка на политичката и стопанската активност. Токму поради тоа полското творештво е толку различно и полно со нијанси.

    Дијалогот и проникливоста на културите со векови се забележува во полската традиција. Обичаите, однесувањето, носиите се формирале под западните и источните влијанија. Традиционалните облеки на полските благородници од XВИ и XВИИ век (kontusze, żupany, pasy słuckie - делови од носијата) настанаа под влијание на богатите украси и орнаменти на источната уметност, меѓу неа и исламската. Ефектот на овие влијанија е полската кујна и традицијата на гозби.

    Полските градови претставуваат цел спектар на европски стилови. Источните граници на полската држава истовремено го одредувале опсегот на западноевропските архитектонски влијанија. Историјата не била благонаклонета кон спомениците на архитектурата на полската земја. Сепак, зачувани се многу повеќевековни споменици: замоци, цркви и палати, некогаш уникатни на регионално ниво или пак на ниво на цела Европа, некогаш тие се ефект на макотрпна реставрација (Замокот на Вавел во Краков) или пак на целосна повтрорна изградба од повоените урнатини (на пр. Стариот град и Кралскиот замок во Варшава, Стариот дел на Гдањск и Вроцлав). Казимјеж над Висла е пример за добро сочуван средновековен град, Краков пак, е еден од најдобро сочуваните готско-ренесансни градски комплекси во Европа. Интересна е полската сакрална градба. Интересни се, исто така, градбите настанати во времето на реалниот социјализам. Во последните години изградени се многу дела на современа архитектура.

    Под влијание на светските трендови се формираа и ликовните уметности во Полска. Голема школа на историско сликарство се делата на Јан Матејко (Jan Matejko), чии монументални слики се посветени на големите настани во полската историја. Поброник за реализамот во полската уметност е Станислав Виткјевич (Stanisław Witkiewicz), а негов главен претставник е Јузеф Хелмоњски (Józef Chełmoński). Периодот на „Млада Полска" е време на раѓање на современата полска уметност, која смело се служеше со формални експерименти. Меѓу најистакнатите творци се вбројуваат симболистот Јацек Малчевски (Jacek Malczewski), Станислав Виспјањски (Stanisław Wyspiański), Јузеф Мехофер (Józef Mehoffer), а исто така и претставниците на школата на импресионистите. XX век даде многу мајстори на авангардата. Од кубизмот израсна уметноста на Тадеуш Маковски (Tadeusz Makowski), од конструктивизмот - Владислав Стжемињски (Władysław Strzemiński) и Хенрик Стажевски (Henryk Stażewski).

    Современи ценети творци се Роман Опалка (Roman Opałka), Леон Тарасевич (Leon Tarasiewicz) Јежи Новосјелски (Jerzy Nowosielski), а од најмладите Мирослав Балка (Mirosław Bałka) и Катажина Козира (Katarzyna Kozyra). Значајни се делата на полските вајари (Ксавери Дуњиковски (Xawery Dunikowski), Катажина Кобро (Katarzyna Kobro), Алина Шапочников (Alina Szapocznikow), како и делата на Магдалена Абаканович (Magdalena Abakanowicz). Од времето помеѓу двете светски војни силна позиција во светот има полската уметничка и документарна фотографија. Во повоените години славна станала полската школа на плакат, која од '60-тите години постигнува многу успеси во странство - Хенрик Томашевски (Henryk Tomaszewski), Валдемар Свјежи (Waldemar Świerzy).

    Почетоците на литературата на полски јазик датираат од XВИ век: ренесансните творци го отфрлаат латинскиот јазик и почнуваат да пишуваат на полски. Песните, епиграмите и елегиите на Јан Кохановски (Jan Kochanowski) го ставаат во кругот на истакнати личности на европската ренесанса. Во периодот на барокот и класицизмот литературата била спој на многународната Полска. Во светските класици се вбројува напишаната на француки јазик XВИИИ вековна повест на Јан Потоцки (Jan Potocki) „Ракопис пронајден во Сарагоса" („Rękopis znaleziony w Saragossie). Филмот на Јежи Хас (Jerzy Has), направен на оваа основа беше омилено дело на Лоуис Бунуел и станал култен во универзитетските кампуси. Во XИX век, по губењето на државноста се роди голема романтичарска литература. Поетите Адам Мицкјевич (Adam Mickiewicz), Јулјуш Словацки (Juliusz Słowacki) и Зигмунт Красињски (Zygmunt Krasiński) станаа духовни водачи на народот без држава, претскажувајќи ја нејзината обнова. Хенрик Сјенкјевич (Henryk Sienkiewicz), кој ја опева историската традиција е лауреат на Нобеловата награда за повеста „Quo Vadis" во 1905 год. Многу од најдобрите литературни дела од првата половина на XX век настанаа како ефект на дијалог помеѓу многу култури и како резултат на авангардни експерименти. Специфична појава стана традицијата на „Кресите" - источните реони на Полска со центрите во Вилнус и Лвов. На Источните погранични делови (Kresy) се развивала меѓу другото еврејската традиција: некогашните источни погранични делови на Полска се место на раѓање на хасидизмот, мистичната фракција на јудаизмот. Источните погранични реони биле културен феномен, мешавина на десетина народи, местото на раѓање на повеќенародната и повеќекултурната уметност. Таму настанаа делата на Бруно Шулц (Bruno Szulc), Болеслав Лешмјан (Bolesław Leśmian), Јежи Чехович (Jerzy Czechowicz). На југот на Полска пак, во Закопане своите авангардни дела ги твореше Станислав Игнаци Виткјевич (Witkacy)  (Stanisław Ignacy Witkiewicz (Witkacy)).

    По ИИ светска војна еден дел од литературните творци се нашле во туѓина и се концентрирале меѓу другото около париската „Култура" водена од Јежи Гедројч (Jerzy Giedrojć). На емиграција твореа меѓу другото Витолд Гомбрович (Witold Gombrowicz), Густав Херлинг Груxињски (Gustaw Herling Grudziński), Чеслав Милош (Czesław Miłosz), Славомир Мрожек (Sławomir Mrożek). Меѓу најистакнатите поети од втората половина на XX век се вбројуваат Збигњев Херберт (Zbigniew Herbert), Тадеуш Ружевич (Tadeusz Różewicz), Чеслав Милош (Czesław Miłosz) - (Нобелова награда во 1980 год.), Вислава Шимборска (Wisława Szymborska) - (Нобелова награда во 1996 год.). Најистакнати писатели и драматурзи од овој период се Витолд Гомбрович (Witold Gombrowicz), Станислав Мрожек (Stanisław Mrożek), Станислав Лем (Stanisław Lem) (фантастични раскази). На многу јазици се преведувани репортажите на Ханна Крал (Hanna Kral) (воените судбини на полските Евреи), како и книгите на Ришард Капушчињски (Ryszard Kapuściński).

    Традицијата на полскиот романтизам и неговото влијание врз полската литература е тешко во целост да се сфатат без одредено предзнаење за полската историја. Разбирлива за многумина суштина на овој романтизам е музиката на Фредерик Шопен (Fryderyk Chopin), препознавана на целиот свет, музика која се базира меѓу другото на полската традиција и фолклор. Од 1927 год. на секои пет години во Варшава се одржува Меѓународен шопеновски натпревар, еден од најпрестижните пијанистички натпревари на светот. Кон корените на традиционалната полска музика, преработувајќи ја на свој начин се надоврзувале и Карол Шимановски (Karol Szymanowski), Мјечислав Карлович (Mieczysław Karłowicz) и Витолд Лутославски (Witold Lutosławski), како и Војќех Килар (Wojciech Kilar), кој создавал и филмска музика. Познати современи композитори се Хенрик Миколај Гурецки (Henryk Mikołaj Górecki) и Кжиштоф Пендерецки (Krzysztof Penderecki). Ценети во светот полски xезери се Кжиштоф Комеда (Krzysztof Komeda), Михал Урбанјак (Michał Urbaniak), Адам Макович (Adam Makowicz), Томаш Стањко (Tomasz Stańko). Успешни се и творците на филмска музика - на пр. Збигњев Прајснер (Zbigniew Preisner) и Јан А.П. Качмарек (Jan A.P. Kaczmarek). Од филмската школа во Лоѓ имаат излезено многу ценети режисери. Апсолвент на таа школа е меѓу другите и Роман Полањски (Roman Polański), кој се вбројува во светскиот врв на режисери („Нож во водата" (Nóż w wodzie), „Детето на Розмари" (Dziecko Rosemary), „Франтик" (Frantic), „Пијанистот" (Pianista)). Полското „кино на моралниот неспокој" го создава меѓу другите Кжиштоф Зануси (Крзyсзтоф Занусси). Филмовите на Анджеј Вајда (Andrzej Wajda) се внимателна анализа на она што е универзално во доживувањата на сите Полјаци - борбата за зачувување на човештвото во екстремно за тоа непогодни услови. Неговите дела „Пепел и дијамант" (Popiół i diament), „Канал" (Kanał), „Човек од железо" (Człowiek z żelaza), „Ветена земја" (Ziemia obiecana) го определија идентитетот на неколку поколенија Полјаци. Во 2000 год. Анджеј Вајда доби Оскар за животно дело. Во '90-тите години многу популарни беа универзалните, трогателни филмови на Кжиштоф Кјешловски (Krzysztof Kieślowski) („Декалог" (Dekalog), Двојниот живот на Вероника" (Podwójne życie Weroniki), „Три бои" (Trzy Kolory)). Во Холивуд творат меѓу другите Агњешка Холанд (Agnieszka Holand) и Јежи Камињски (Jerzy Kamiński). Во светот познат е и полскиот анимиран филм, кој црпе инспирација, меѓу другото, од достигнувањата на полската графичка школа (Јан Леница (Jan Lenica), наградениот со Оскар во 1983 год. Збигњев Рибчињски (Zbigniew Rybczyński)). Светски успеси постигнува полскиот авангарден театар. Јежи Гротовски (Jerzy Grotowski) формира експериментален театар. Еден од најоригиналните полски творци на XX век беше Тадеуш Кантор (Tadeusz Kantor) - сликар, творец на „театарот на смртта" - негов најпознат спектакал е „Умрената класа".

    Современа Полска нуди разновидност на културни искуства. Оние кои се заинтересирани за високата култура можат да најдат музички фестивали со меѓународно реноме (Wratislavia Cantas, Варшавската музичка есен). Полските музеи нудат интересни збирки на дамнешна и современа уметност. Во светските ремек-дела се вбројува „Дамата со хермелинот" на Леонардо да Винчи (Музеј на Чарториски во Краков), олтарот изработен во дрво на Вит Ствош (Wit Stwosz) во Марјацката Катедрала во Краков, „Страшниот суд" на Hans Memling (Национален музеј во Гдањск). Интересни збирки поседуваат Музејот на плакати во Виланов, близу Варшава и бројните етнографски музеи и етнографските локалитети. Културната панорама на современа Полска ја надополнуваат локалните фестивали.

    Најинтересни периодични манифестации во Полска

    Мистеријата на Големиот велигденски пост во Калварија Зебжидовска, Велика Недела.

    Меѓународен саем на книга во Варшава, мај.

    Меѓународен фестивал на црковна музика во Соборниот храм на Св. Тројца во Хајнувка, последната недела на мај.

    Шопеновски концерти во Варшавските Лазјиенки (Łаzienki), секоја недела од мај до септември.

    Меѓународниот театарски фестивал Малта во Познањ, јуни.

    Моцартовски фестивал, Варшава, јуни.

    Меѓународен фестивал на оргуqи во Катедралата во Олива, Гдањск, јуни-август.

    Фестивал на еврејската култура во Краков, јули.

    Витешките турнири во Гнјево, Огроxењец и Битув, јули, август.

    Меѓународен фестивал на улични театри, Краков, август.

    Меѓународен фолклорен фестивал на планинските терени во Закопане, крајот на август.

    Меѓународен фестивал Wratislavia Cantas, Вроцлав, почеток на септември.

    Археолошка народна веселба во Бискупин, септември.

    Фестивал "Варшавска есен".

    Print Print Share: