close

  • Faithful to my Homeland, the Republic of Poland

     

  • ЕКОНОМИЈА

  • Меѓународна конференција Oils and Fuels for Sustainable Development AUZO 2008

    Од 8 до 11 септември 2008 г. на Техничкиот факултет во Гдањск ќе се одржи меѓународна конференција посветена на искористувањето на нафта и горива за избалансиран развој. Пријателски за околината начини на производство, транспорт, искористување, рециклажа и пречистување на маслата и горивата ќе бидат предмет на дискусијата. Ќе се разгледува проблематиката на биогоривата, добивањето на синтетичко гориво од јаглен, сепарирање и искористување на јаглеродниот диоксид за добивање на горива, а исто така спречување и ликвидација на истекувања на масла. Целосна информација на: www.oils.pl

      

    ЕКОНОМИЈА - односи со странство

    Полска од 1 јули 1995 година е членка - основоположник на Светската Трговска Организација (СТО) пред се како резултат на системските реформи преземени во нашата држава на крајот на 80-те и почетокот на 90-те години од минатиот век. Во споредба со другите членки на СТО, Полска се најде во исклучителна ситуација. Мораше во кратко време целосно да го промени царинскиот тарифник и да ги прифати меѓународните обврски, за неподнесување на ниту една царинска ставка без да истовремено им понуди на партнерите соодветна компензција.

    На 10-14 септември 2003 година се одржа Петтата министерска конференција на СТО во Канкун во рамките на новата рунда наречена како Рунда за Развој во Доха. Полска е заинтересирана оваа Рунда да заврши на начин, што ќе им донесе на сите учесници корист, на мерка на нивното учество во светската трговска размена. Новата Рунда треба да го олесни пристапот на пазарите и да ги промовира интересите на сите учесници, при осигурувањето на општа рамнотежа на правата и обврските и да ја олесни понатамошната интеграција на полската економија со светската економија.

    Освен СТО значајно влијание на трговските односи со странство има и  договорот за асоцијација меѓу Република Полска и Европските Заедници (Европски Договор), кој значително ги прошири одредбите на претходниот Договор за трговија и трговска и економска соработка (потпишан уште во 1988 година меѓу Народна Република Полска и Европската Економска Заедница). Договорот создаде правни основи за развој на економските, политичките, научните и односите во областа на културата меѓу Полска и Европската Заедница и нејзините земји членки.

    Од перспектива на Полска, Договорот пред се требаше:

    • да го олесни зголемувањето на трговската размена и преку тоа да ја забрза реструктуризацијата на економијата
    • да ја зголеми стабилноста на економските правила, меѓу другото, преку прифаќање на прописите на Унијата
    • да ја зголеми атрактивноста на Полска за странските инвеститори
    • да осигура политичка безбедност на државата во услови на несигурна внатрешна ситуација, а во случај на немање успех со големите економски и политички реформи
    • да загарантира внатрешен мир (во ситуација на ослабување, а подоцна и распаѓање на СССР, а подоцна и на Советот за економска соработка на источниот блок)

    Одредбите на Договорот опфатија многу области. Освен ткн. политички дијалог, ги регулираше и прашањата на заедничката трговија и предвидуваше создавање на зона на слободна трговија со индустриски стоки. Исто така ги опфаќаше прашањата, што се однесуваа на движењето на услуги, работници и капитал и создавањето претпријатија. Содржеше одредби за приближување на правилата на конкурентноста и хармонизација на правните прописи. Договорот исто така предвидуваше и широка трговска и финансиска соработка, како и веќе споменатата соработка во областа на културата. Во 2001 година, по девет години обврзување на трговскиот дел на Европскиот Договор, 15-те држави членки на ЕУ учествуваа со речиси две третини од вкупната трговска размена на Полска со странство. Слично како и за време на целата декада, исто и во 2001 година, учеството во трговијата со Унијата беше поголемо по страна на извозот - 69 проценти, отколку по страната на увозот - 61,3 проценти. Заедно со зголемувањето на учеството на Унијата во полската трговија истовремено растеше и значењето на Полска во вкупната размена на ЕУ. Во 2001 година Полска беше 9-ти по големина доставувач на производи на пазарот на Унијата и истовремено 4-ти примател.

    На зголемувањето на тровската размена со ЕУ големо влијание имаа и претпријатијата со учество на странски капитал. Убедливо најмногу инвестиран странски капитал во Полска потекнуваше и до ден денешен потекнува од ЕУ.

    Согласно Европскиот Договор, Полска уште во 1992 година ги укина увозните царини, меѓу другото за минералните производи, производите од хемиската индустрија, производите од дрво, неблагородните метали. Во 1999 година беше намалена царинската ставка, на 15 проценти, за патничките и товарните возила. Целосно укинување на царините настапи на 1 јануари 2002 година. На другите индустриски производи Полска постепено ги намалуваше царините,  во 5 еднакви транши, почнувајќи од 1995 година.

    Беше потпишана и спогодба во врска со реструктуризацијата на полскиот сектор со горива, во врска со што, Полска, од 1997 година ги укина количинските ограничувања за увоз на нафтени производи и ги либерализира цените на дериватите на внатрешниот пазар. Царинската ставка за дизел горивото и бензинот беше целосно укината на 1 јануари 2001 година. Календарот на намалување на царините не секогаш е во формална согласност со Европскиот Договор, но подлежи на постојани консултации со Европската Комисија и државите членки. Главната цел на Централноевропскиот договор за слободна трговија (ЦЕФТА) беше создавањето од 1 јануари 2001 година на зона за слободна трговија меѓу Чешка, Полска, Словачка, Унгарија, Словенија, Бугарија и Романија, во согласност со член 24 на GATT. Реализацијата на оваа цел се остварува преку одредбите, што се однесуваат на укинувањето на царинските и нецаринските бариери за трговијата и договорените одредби, поврзани со слободниот проток на стоки, јавни набавки, државна помош, заштита на интелектуална сопственост, правила на конкуренцијата, државните монополи итн. Договорот ЦЕФТА не предвидува целосно укинување на бариерите во трговијата со земјоделски производи. Царинската либерализација за иднустриските производи се реализира во различно темпо, во зависност од подреденоста на стоките кон една од листите. Би требало да се нагласи дека по 1 јануари 1997 година, како резултат на последователните намалувања, царините за индустриските призводи важеа за само неколку проценти царински ставки (на пример со Чешка и Словачка, само за околу 30 позиции по двете страни). Овој факт означува дека договорот ЦЕФТА всушност претставуваше двегодишно предвремено исполнување на обврските за намалување на царините, кои беа обврзувачки според асоцијативните договори на државите од Вишеградската Група со Европските Заедници.

    Од ноември 1996 година Полска е формален член на Организацијата за Економска Соработка и Развој (OECD). Меѓу најважните промени, што се реализираа согласно барањата на оваа организација во полскиот правен и административен поредок се пазарните реформи. Полска пристапувајќи кон OECD, ги прифати сите правни инструменти на Организацијата, вклучувајќи ги и Кодексот за либерализација на трансферот на капитал и Кодексот за либерализација на постоечките невидливи зделки. Обврзувањата преземни од страна на Полска во моментот на пристапување до OECD како и процесот за пристапување во Европската Унија позитивно влијаеа на прилагодувањето на домашната правна регулатива со меѓународното право. Со цел исполнување не меѓународните обврски во областа на либерализацијата, во Полска беше воведена нова законска регулатива, меѓу другото за странските инвестиции, трансферот на капиталот и ткн. невидливи зделки и водење на претприемачката активност.

    Членството на Полска во престижниот клуб на економско најразвиените држави во светот е конкретен доказ за економската и индустриската стабилност на нашата држава и вреднување од другите држави за напредокот на реализираните реформи. Тоа ја подобрува сликата за Полска во очите на странските партнери, вклучувајќи ги и инвеститорите - не сметаат за партнери со економија која е во динамичен развој и со стабилни правни прописи. Тоа има директно влијание на зголемувањето на бројот и разновидноста на странските инвестиции во Полска. Членството во OECD и го олеснува на Полска пристапот до преференциските кредитни линии, доделувани од страна на меѓународните финансиски институции, но и користењето на аналитичкиот потенцијал на OECD. Дополнително благодарејќи на членството во OECD Полска доби можност за учество во одлучувањето во врска со либерализацијата на светската економија, како и во креирањето на новиот идентитет на OECD.

    Во пресрет на членството во Европската Унија, нашето присуство во OECD претставуваше најдобар доказ дека Полска е во состојба, во потполност да се прилагоди до меѓународните правила, кои се основа на односите меѓу државите членки на ЕУ. Постоеше голема поврзаност меѓу нашите аспирации за влез во ЕУ и учеството во OECD, затоа што во групата членки на OECD беа и сите држави членки на ЕУ. Дополнително учеството во активностите на OECD даваше можност за зголемување на квалификациите на кадрите и за соодветна подготовка на персоналот за идна работа во структурите на ЕУ.

    Полска презеде чекори и во насока за добивање членство во Меѓународната Енергетска Агенција и во Агенцијата за Нуклеарна Енергија - органи на OECD, но и за добивање статус на набљудувач во Комитетот за Развојна Помош. Полска учествува во новите иницијативи какви што се Growth Project, кои се занимаваат со анализа на причините за различно темпо на пораст на државите на OECD, во „Препораката" која се однесува на борбата против перењето валкани пари, односно ткн. Health Project кој се занимава со здравствената грижа во државите членки.

    Трговската размена на Полска со странство се зголеми од околу 30 милијарди УСД во 1991 година до околу 86 милијарди УСД во 2001 година, односно речиси трикратно. На ова зголемување на обртот придонесе далеку поголемиот увоз од извозот. При крајот на 2001 година вредноста на извозот изнесуваше малку повеќе од 70 проценти од вредноста на увозот.

    Покрај постигнатиот во тој период очигледен напредок во развојот на размената со странство, сега нивото на извозот во Полска, во однос до БДП, но и пер капита, е сеуште пониско, во споредба со некои други држави на Централна и Источна Европа. Вредноста на извозот пер капита во Полска во 2001 година изнесуваше 933 УСД, во Словачка над 2337 УСД, во Унгарија 3050 УСД, во Чешка речиси 3248 УСД, а во Словенија над 4650 УСД (сите овие држави заедно земени имаат помалку жители од Полска, што до одредена мерка е и образложение за некорисниот сооднос во споредбата).

    Разликата на размената на стоките со странство (според податоците на CESTAT), која уште во 1992 година беше позитивна и изнесуваше над 0,5 милијарди УСД, од 1993 година систематски се трансформира, во зголемен дефицит достигнувајќи ја бројката 19 милијарди УСД во 1998 година. Од 1998 година сепак се забележува обратна тенденција, односно дефицитот во трговијата со странство се намалува и во 2001 година изнесе само нешто повеќе од 14 милијарди УСД.

    Од 1996 година најголемиот дел од размената на стоките на Полска со странство припаѓа на партнерите од Европската Унија. За време на првите шест месеци од оваа година, во споредба со истиот период во минатата година, извозот на Полска во државите членки на ЕУ се зголеми за проценти и изнесуваше 15 милијарди ЕВРА. Во истиот период нашиот увоз се зголеми само за 1 процент и ја достигна бројката од 18,6 милијарди ЕВРА.

    Полска пред приемот во ЕУ беше седми по големина трговски партнер на Европската Унија. Единствено пред Полска беа С.А.Д., Швајцарија, Кина, Јапонија, Русија и Норвешка. Нашата држава беше најголем трговски партнер на Унијата меѓу државите кандидати.

    Програми за поддршка и промоција на извозот

    Активностите за промоција на извозот се регулирани преку Програмата за Економска Промоција на Полска. Полска го поддржува и промовира извозот на стоките и услугите нудени од страна на полските претпријатија преку следните активности:

    • преземање одговорност (препорака) и гаранции за произвозни активности

    Од 2000 година постои можност за добивање од страна на малите и средни претпријатија на препораки и гаранции од специјалната линија, во рамките на Државниот Фонд за кредитни препораки во Банката Gospodarstwa Krajowego S.A.. Со препорака (преземена одговорност) може да биде опфатен инвестициски кредит и кредит наменет за купување на материјали и репроматеријали за производство, добиен во домашна или странска банка во злоти или во странска валута. Гаранциите не ги опфаќаат заемите давани од страна на финансиските институции кои не се банки (на пример фондовите, агенциите).

    • доплати до пресметаните камати за извозните кредити

    Искористување на овој инструмент и овозможува на банката која дава кредити за извозни договори да им предлага на извозниците покорисни услови, благодарејќи на постоењето променлива каматна стапка на кредитот за рефинансирање, со приближна вредност на каматните стапки, што се користи на меѓународниот пазар. Согласно законот, максималната вредност на доплатата не може да биде поголема од 0,2 од трошокот на каматата на кредитот зголемен за 2 процентни поени од нормативната маржа.

    • гарантирани од страна на Државниот Имот осигурувања на извозните кредити

    Осигурувањата давани од страна на Корпорацијата за осигурување на извозните кредити - KUKE S.A. опфаќаат:

    • осигурување на ивестициите на полските субјекти во странство
    • осигурување на трошоците за барање на странски пазари за продажба
    • давање гаранции за банките кои финансираат кредит на доставувачот
    • давање гаранции во областа на производството на стоки наменети за извоз
    • давање гаранции за потврда на акредитивите поврзани со извозен договор

    KUKE S.A. исто така подготви програма Извозни кредити за Руската Федерација. Оваа програма треба да овозможи зголемување на ангажманот на полските и руските банки во обслужувањето на полските претприемачи кои извезуваат во Русија и развој на трговијата финансисрана со кредитот, првенствено при доставувањето на инвестициски добра и градежни услуги. Се планира воведување на нови осигурително - гаранциски инструменти, адресирани во главна мерка кон секторот на мали и средни претпријатија - Пакет лесен извоз и Русија нашиот трговски партнер.

    Дополнително во рамките на гарантната активност, KUKE S.A. започна да дава извозни осигурителни гаранции на сопствени сметки (гаранции за добро извршување на договорот, враќање на авансот и претплатата, тендерски гаранции и осигурување на договорните гаранции).

    • промотивната активност на економско-трговските одделенија на амбасадите и конзулатите на РП како и на 30-те амбасади, во кои одделенијата не се одделени, а кои се потчинети во трговско-економската областа на МНР.
    • активности во насока на осигурување на пристап за полските стоки, услуги и капитал на пазарот во државата во која се акредитирани.
    • анализирање на правната регулатива на странските држави кои се однесуваат на економската, трговската и финансиската проблематика, вклучувајќи ги: царинскиот закон, девизниот закон, даночниот закон, регулативите кои се однесуваат на странските инвестиции и давање на претпријатијата јавна помош за делокругот на ингеренциите на државата во поедини сектори на економијата
    • промоција на полската економија, полските стоки и фирми
    • помош и поддршка на полските извозници на странските пазари, вклучувајќи обезбедување на неопходните економско - трговски информации
    • активност во областа на public relations, која се концентрира на изградба на позитивна слика за полската економија преку следните активности:

    o       лобинг активност на странскиот пазар во насока на поддршка на економските интереси на Полска

    o       иницирање и организирање на семинари на тема економска соработка со Полска

    o       ширење информации за полската економија меѓу претставниците на меѓународното јавно мислење (преку контакти со странските медиуми)

    o       промовирање на сликата на Полска како атрактивно место за странски инвестиции (надгледување и координација на активностите на Државната Агенција за Информирање и Странски Инвестиции - PAIIZ)

    o       подигнување на рангот на манифестациите и промотивните потфати на полскиот пазар, преку признавање на патронати од Министерот за економија, труд и социјална политика или од Министерството за економија, труд и социјална политика

    o       информирање, со посредство на полските медиуми, за произвозната политика на владата (вклучувајќи го и информирањето за проекти, какви што се Полски Куќи и TISPE)

    • активност во областа на издавачки потфати
    • реализација на програмата за обука АКАДЕМИЈА ЗА ТРГОВИЈА СО СТРАНСТВО
    • организирање на посети на странски увозници на полските саеми и учество во финансирањето на странските патувања на полските извозници. Еден од најголемите организатори на овие патувања е Државната стопанска комора. ДСК е најголема и институција со најголем дијапазон на интереси на трговската самоуправа во Полска. Во неа членуваат над 500 илјади претпријатија кои се занимаваат со економска активност во државата.
    • системот за наградување на Министерот за економија за посебни достигнувања во извозот (Мистер и Јуниор во извозот, учество во активностите на Фондот на Полскиот Промотивен Грб СЕГА ПОЛСКА, Наградата на Претседателот на РП, Програмата Бренд на Брендовите)
    • поддршка на саемската и изложбената активност
    • иницијатива за создавање и поддршка на основање на ткн. Полски Куќи кои се занимаваат со трговска активност и со најразлични форми за промовирање на полската економија, пред се на малите и средните претпријатија. Во моментов Полските Куќи функционираат во Германија, Чешката Република, а во фаза на реализација се во Русија, во Шведска и во Украина.

    Print Print Share: